Атлетико Мадрид се подготвуваат во летниот преоден рок да го донесат напаѓачот на Рубин Казан, Ѓорѓе Деспотовиќ. Клубот од Русија за напаѓачот бара 12 милиони евра.
Скаутите на Атлетико внимателно ги следеле настапите на Деспотовиќ од октомври минатата година. Српскиот репрезентативец, игра одлична сезона, на 19 натпревари во рускиот шампионат има постигнато 11 голови.
Медиумите шпекулираат дека Атлетико се подготвени да понудат помала сума од онаа што ја бараат од Рубин и дека е многу веројатно трансферот да биде реализиран.
Интересот што го покажува тренерот Диего Симеоне за поранешниот младинец на Црвена звезда, значи дека Атлетико нема од Олимпик Лион да го откупи договорот на Муса Дембеле.