Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјавил дека поради актуелната ситуација, УЕФА треба да го зголеми бројот на фудбалери во националните тимови.
„Добра идеја би била да можат да се повикаат 25 или 26 фудбалери. Сезоната е тешка, не знаете што се може да се случи. Што ќе правиме ако некој биде позитивен на коронавирусот? Ќе биде тешко да се повика замена, бидејќи сете ќе бидат на одмор“, рекол Манчини.
Европското првенство, на кое ќе учествува и Македонија, ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули во 12 европски градови.