Фудбалскиот сојуз на Полска, во вторникот, објави дека пред дуелот со Англија, во квалификациите за пласман на СП, двајца играчи имале позитивни тестови. Со вирусот Ковид-19 биле заразени Гжегож Криховијак и Камил Пјатковски.
Полјацие ќе бараат УЕФА да му дозволи на Криховијак да игра, бидејќи тој и пред неколку месеци бил заразен со коронавирусот.
Поради позитивни тестови на Ковид-19, минатата недела Полска остана без Матеуш Клих и Лукаш Скорупски.
Натпреварот со Англија, утре од 20.45 часот, ќе го пропушти поради повреда на коленот и Роберт Левандовски.