Португалија, со многу труд успеа да слави победа од 3:1 во Луксембург. Кристијано Роналдо, по скандалот што го предизвика во Белград, кога ја фрли капитенската лента и пред време самоволно замина во соблекувалната, повторно беше во центарот на вниманието.
Роналдо постигна гол на почетокот на вториот дел, но фудбалскиот свет зборува за ситуацијата од 78 минута, кога беше сам како дух пред голманот на Луксембург, два пати шутираше но не постигна гол.