Top Sport

Започна лицитацијата за потписот на Агуеро

Започна трката за потписот на Серхио Агуеро. Аргентинецот, по десет години, на крајот од сезоната ќе го напушти Манчестер сити.

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити (384 натпревари, 257 голови), веројатно ќе се реши за клуб кој ќе може да ги исполни неговите финансиски барања. Агуеро во Сити игра за плата од 15 милиони евра.

Аргентинецот, најмногу се поврзува со Барселона. Шпанските медиуми тврдат дека овој трансфер нема да се реализира бидејќи тој не се вклопувал во визијата на тренерот Роналд Куман.

Интерес за Агуеро покажувале уште три клуба со шампионски амбиции.

Англичаните не ја исклучуваат можноста Агуеро да остане во Манчестер, но дека од „Етихад“ ќе се пресели на „Олд Трафорд“, во Манчестер јунајтед.

ПСЖ се во потрага по напаѓач, откако е извесно дека Мауро Икарди ќе го напушти клубот, а неизвесно е и дали Килијан Мбапе ќе остане во Париз.

Јувентус, бара партнер во нападот за Кристијано Роналдо. Недвед и Паратичи сметале дека 33-годишниот Агуеро, би бил вистинското решение.

Scroll to Top