Top Sport

Косовците се нудат: Зошто да не играме со Србија во Приштина?

Претседателот на Косовскиот фудбалски сојуз, Агим Адеми вели дека нема причини зошто во Приштина не би се организирал меч против Србија и покрај тоа што УЕФА според своите правила исклучува таква можност поради политички причини, како што исто така не смеат да се случат дуелите Русија-Украина, Азербејџан-Ерменија, но и Косово-Босна и Херцеговина.

„Би можел да гарантирам дека организацијата на таков меч во Приштина би поминала според највисоките стандарди. Политиката секогаш е присутна на Балканот, а тоа го видовме и во мечот помеѓу Србија и Албанија“, вели Адеми за италијанскиот „Тутоспорт“.

Косовците имаа проблем и пред вечерашниот меч со Шпанија, каде што шпанската федерација на прави се да означи дека игра со „територија, а не признаена држава“.

„Не сакам да ја мешам политиката со спортот, но не смееме да дозволуваме такво понижување. Косово е земја која ја признаваат повеќето демократски земји на светот, но и УЕФА и ФИФА“, додава Адеми.

Scroll to Top