Контроверзниот поранешен претседател на Динамо Загреб, а сега само „советник“, Здравко Мамиќ влезе во остар напад на ривалите од Хајдук, тим, кој според него, секогаш го воделе крвниците на хрватскиот народ.
Мамиќ е обвинет за криминал во најтрофејниот хрватски клуб за наводно оштетување на клубот за 260 милиони куни (околу 35 милиони евра), а тој и поранешните фудбалери на Динамо, Лука Модриќ и Дејан Ловрен се обвинети и за лажно сведочење. Сепак, тој реши да се фокусира на Хајдук.
„Хајдук вече 13 години не се бори за титула, а сите зборуваат како 13 години во низа да освоиле Лига на шампиони. Поединци го загадуваат Хајдук, но и темелите на хрватската држава. Тука во прв план е Дражен Ладиќ. Тој вели дека најголем претседател на Хајдук е Тито Киригин, кој за времето на Втората светска војна го уби хрватскиот патриот Војко Крсуловиќ. Друг таков хајдуковец е Анте Јурјевиќ-Баја, кој убиваше хрватски патриоти по војната. Јадранка Косор во 2009 му прости долг на Хајдук од 143 милиони куни, а клубот 12 години работеше преку фантомски сметки. Тие мислат дека се Реал и Барселона заедно, а 13 години не освоиле титула. Што им останува? Да ме убијат, но јас сум отпорен на куршуми. Ние ќе бидеме шампиони уште 10 години!“, порача Мамиќ.