Top Sport

Лесор на српски ги пцуеше играчите на Будуќност

Кошаркарите на Монако ќе играат во полу-финалето, во Еврокупот. Монако, во три натпревари успеа да го елиминира тимот на Будуќност.

„Мајсторката“, на домашен терен, кошаркарите на Монако ја добија со 90:87. Најдобар кај Монако беше Матијас Лесор со 24 поени и шест скока.

По мечот Лесор, додека даваше изјава влезе во вербална расправија со играчите на Будуќност. Играчот на Монако ги пцуеше противниците на српски.

Матијас Лесор една сезона играше во Црвена звезда.

 

Scroll to Top