Top Sport

Дончиќ им пресуди на Бостон, нов пораз на Лејкерси

Новиот пораз на ЛА Лејкерс и спектакуларните индивидуални партии на Девин Букер (Финикс Санс) и Лука Дончиќ (Далас Маверикс), ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Лејкерси, без Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, се просечен тим. Милвоки Бакс им одржаа лекција на Лејкерси во Лос Анџелес 112.97.

Џру Холидеј постигна 32 поени, а Јанис Адетокумбо забележа 28 поени и 10 скока. Кај Лејкерси се истакна Монтрез Херел со 19 поени. За Лејкерси дебитираше Андре Драмонд, кој одигра 14 минути, па се повлече поради повреда.

Финикс Санс во неизвесна завршница ја однесоа победата над Чикаго Булс 121:116. Блескаше Девин Букер со 45 поени. Кај Булс најдобра беше Никола Вучевиќ со 24 поени и 10 скока.

Далас Маверикс славеа во Бостон 113:108. Лука Дончиќ мечот го заврши со 36 поени, осум скока и пет асистенции. Тројката Џејлен Браун, Џејсон Тејтон и Кемба Вокер не успеа да го извлече Бостон од поразот. Браун постигна 25, Тејтум 24, а вокер 22 поени.

Резултати:

Денвер-Портланд 101:124
Индијана-Мајами 87:92
Бруклин-Хјустон 120:108
Мемфис-Јута 107:111
Минесота-Њујорк 102:101
Оклахома-Торонто 113:103
Сан Антонио-Сакраменто 120:106

Scroll to Top