Top Sport

Таткото и менаџерот на Халанд на преговори во Барселона

Не е шега, иако е 1.април. Менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола заедно со таткото на фудбалерот, приситгнале на преговори со Барселона.

Водечките шпански медиуми објавија, дека Рајола и Алф Инге Халанд на аеродромот ги пречекал човек обезбедувањето на првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта. Тие двајца веднаш заминале на преговори со Лапорта.

Халанд ќе биде глава мета на Барселона во летниот преоден рок. Иако Барселона се наоѓа во тешка финансика ситуација, Лапорта верува дека со продажбата на неколку играчи ќе собере пари за да го реализира трансферот. Исто така Лапорта сметал дека пријателството со Рајола, ќе има големо влијание Халанд да ја одбере Барселона, пред Манчестер сити и Реал Мадрид.

Познато е дека Борусија Дортмунд за Халанд бара 180 милиони евра, додека според шпанските медиуми Барселона за напаѓачот може да понуди 150 милиони евра.

 

Scroll to Top