Најдобриот играч на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, открил дека со неговиот пораншен менаџер во Челси, Жозе Мурињо, разговарал само два пати.
Белгиецот во Лондон пристигна во 2012, а две години подоцна Португалецот го испрати во Волфсбург. За време на својот престој во Челси под водство на Мурињо, Де Бријне одигра само три натпревари во Премиер лигата.
Де Брујне, во јуни 2015 година, од Вофсбург се пресели во Сити.
„Навистина не сум некој што премногу разговара со тренерите. Доколку тренерот сака да разговара со вас, тоогаш тој и ќе го направи тоа. Тој е шеф. Можете да бидете со него во добри односи, меѓутоа секогаш постои дистанца помеѓу играчот и тренерот. Со Мурињо разговарав два пати. Еднаш кога сакав да заминам во Дортмунд, додека вториот пат тој ми кажа дека е подобро да заминам“, изјавил Де Брујне за Би-би-си.