Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, поради повреда, ќе го пропушти клучниот дел од сезоната. Реал, викендов ќе го пречека Еибар, а потоа исто така на домашен терен ќе игра против Ливерпул и Барселона.
Лоша вест за тренерот Зинедин Зидан е што поради повредата на бутниот мускул, Рамос ќе паузура еден месец. Тоа значи дека тој нема да може да игра против Ливерпул ниту во реваншот на „Енфилд“, а во Ла Лига ќе ги пропушти натпреварите со Хетафе, Кадиз и Бетис.
Покрај Рамос, дуелите со Еибар и Ливерпул ќе ги пропуштат и Феде Валверде, Дани Карвахал и Еден Азар. Тони Крос нема да игра против Еибар, а во клубот се надеваат дека ќе биде подготвен за четврт-финелето против Ливерпул.