Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, во пресрет на манчестерското дерби, крена „паршина“ со изјавата дека на почетокот на годината Мино Рајола застапникот на Хенрик Мхитаријан и Пол Погба, му ги понудил двајцата фудбалери.
„Пред два месеци, Рајола ме праша дали ги сакам Погба и Мхитаријан, а да се му ги нуди на куче и кукавица каков што сум јас. Само ќе речам дека направил лоша споредба, би требало да ги почитува кучињата“, рекол Гвардиола алудирајќи на наодамнешните навреди што Рајола ги упати на негова адреса.
Дербито на Манчестер се игра в сабота, а Сити со евентуална победа и теоретски ќе ја обезбеди шампионската титула во Премиер лигата. Тимот на Гвардиола, во средата, загуби од Ливерпул 3:0 во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.
„Секогаш патиш во вакви ситуации, но мораш да преживееш за да биде подобар играч. Не очекува дербито, тое само уште еден натпревар. Јунајтед дефинитивно е поинаков тим од Ливерпул. Ќе се обидеме да одиграме на начин како што тоа го правиме во текот на целата сезона“, рекол Гвардиола.
Сити ќе го пречека Јунајтед во сабота од 18:30 часот. Во пресрет на дербито Сити има 84 бода, 16 повеќе од Јунајтед.