Top Sport

Вардарки во финишот го скршија Митјиланд

Ракометарките на Вардар зачекорија на завршниот турнир во Лигата на шампионките, откако во Данска, го совладаа Митјиланд 24:23, во првиот четврт-финален натпревар.

Вардарки не блескаа во Данска, имаа негатива од четири гола (14:10) во првиот дел и минус од три гола на полувреме (16:13), но во завршницата смогнаа сили да извојуваат значајна победа.

По водството на Митјиланд 29:16, Вардар во 46.минута успеа да израмни на 20:20, а потоа да ја продолжи серијата и со дополнителни три гола да создаде предност 23:20.

Имаа избраничките на Ирина Дибирова предност и од 24:21, но во финишот домаќинките постигнаа два гола и наредната сабота на реваншот во Скопје ќе допатуваат со гол негатива.

Српските репрезентативки Драгана Цвијиќ и Андреа Лекиќ со осум односно шест гола беа најзаслужните за победата на Вардар во Данска.

Scroll to Top