Заврши аукцијата за капитенската лента на Кристијано Роналдо.
Аукцијата беше организирана за помош на шестмесечно бебе, кое боледува од спинална мускулна атрофија и за чие лекување се потребни 2.500.000 евра.
Крстијано Роналдо, капитенската лента ја фрли на теренот во Белград, откако судиите не му го признаа голот во 93.минута. Еден од пожарникарите, ја собрал капитенската лента и решил да ја донира, за да се покрене хуманитарна аукција.
„Најпознатата капитенска лента во фудбалот“, како што веќе ја нарекуваат медиумите, е продадена за сума од 7.500.000 динари (нешто помалку од 64.000 евра). Оваа сума ја понудила обложувалницата „Моцарт“.