Top Sport

Адеми: Видов неверување на лицата на соиграчите. Победивме среде Германија

Аријан Адеми, еден од хероите во победата над Германија, за „24 сата“, раскажал то се случувало во Дуизбург. Открил дека победата над Германија е една од најголемите во неговата кариера.

Македонија во првите три квалификациски натпревари забележа пораз од Романија и две победи над Лихтенштајн и Германија. Адеми, беше асистент за победничкиот гол, кој го постигна Елмаз во 85.минута.

„„Таков е фудбалот. Поради тоа ова е најдобрата работа во светот. Патуваш во Германија и сите ти даваат еден промил шанса, а ти се враќаш со три бода. Сепак, оваа победа ќе значи нешто само доколку ја оствариме конечната цел. Нема да вредат овие три бода, доколку не победуваме таму каде што треба да победиме“, рекол Адеми.

Македонија е тема во Европа и два дена по натпреварот во Дуизбург. Поради поразот германските медиуми бараат оставка од селекторот Јоаким лев.

„Немојте сега да велите дека „ги надигравме“. Имаше Германија свои шанси, не беше лесно како што се прикажува. Тоа се топ играчи, фаворити на секое натпреварување, но не се вонземјани“, рекол капитенот на Динамо Загреб и открил што засекогаш ќе му стане врежано во меморијата.

„Неверувањето на лицата на соиграчите кога судијата означи крај на натпреварот. Како да се прашувавме самите дали е можно дека ги победивме Германците на нивни терен. Тие беа многу коректни. Сите се врвни професионалци, кои се однесуваат како им наложува нивната репутација. Сите ни честитаа“.

Scroll to Top