Top Sport

Не помогна ниту Барди – Леванте загуби дома од Уеска

Уеска си ги подобри шансите за опстанок во шпанската Ла лига, откако во првиот клупски меч од топ 5 лигите по интернационалната пауза, успеа да слави на гости кај Леванте со 0:2 за само четврта победа оваа сезона.

Рафаел Мир стигна до својот 9-ти и 10-ти гол оваа сезона, со што стана најдобриот стрелец во една сезона во елитата на Уеска, постигнувајќи голови во 15. и 51. минута. Со победата, Уеска се доближи на само еден поен од безбедната зона, додека Леванте останува на 10-тото место на табелата со 35 поени со три порази во низа.

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди, бргу по фантастичната победа над Македонија, влезе во игра во 70-тата минута, кога исходот на мечот веќе беше одлучен.

Scroll to Top