Арсенал и Манчестер сити синоќа беа на тешки маки, првиот Норич, односно Вулверхемптон, но успеаја да се пласираат во четврт-финалето во Лига купот.
Арсенал со пресврт и по продолженијата успеа да го елиминира тимот на Норич (2:1), а Манчестер сити дури по изведувањето пенали успеа да го победи лидерот во Чемпионшип, Вулверхемптон.
Иако на фудбалскиот терен минаа во наредната рунда, премиерлигашите би можеле да бидат дисквалификувани поради повреда на правилата.
Инемо, во Лига купот во Англија правилата дозволуваат доколку се играат продолженија, да бидат извршени по четири замени (три во регуларниот дел и една во продолженијата).
Менаџерите на Арсенал и Манчестер јунајтед извршија по четири замени, но проблемот е што две замени биле извршени во 90 минути и уште две во продолженијата, што преставува материјална повреда на правилата.
Дисциплинците ќе мора набргу да се произнесат по ова прашање, една од опциите е дисквалификација, втората е да се преиграат дуелите, а третата и според англиските медиуми е дека Арсенал и Сити ќе играат во наредната фаза.