Менаџерот на Челси, Антонио Конте луто реагираше на новите шпекулации дека сака да замине од „Стемфорд бриџ“, откако неговиот поранешен колега, Џанлука Вијали изјави дека италијанскиот сонародник е „очаен“ да замине од западен Лондон.
Вилијли, кој играше покрај Конте во Јувентус, беше и фудбалер и менаџер на Челси, и по поразот од Тотенхем изјави дека неговиот близок пријател сака да замине летово, иако има договор и за 2019 година.
„Секако дека сум разочарано, но го почитувам Џанлука бидејќи е новинар и ја врши својата работа. Се обидува да го каже своето мислење, но тоа е само тоа, негово мислење. Тие кои се блиску до мене знаат дека планирам да останам и да продолжам со работата. Ќе видите. Со Џанлука игравме заедно во Јувентус, тој беше мој капитен и заедно ја освоивме титулата и го сметам за пријател. Тие кои ме познаваат знаат дека ја прифатив одговорноста и дека не се откажувам така лесно“, вели Конте.
Фото: ЕПА