Уште еден натпревар – уште еден црвен картон за Нејмар. Дисциплината на бразилскиот ас станува проблем за Пари Сен-Жермен, откако при поразот од Лил (со кој ривалите се одвоија на три поени од нив), тој го доби својот 11-ти црвен картон во кариерата, одбележувајќи година со голем број на проблеми.
Обидувајќи се да ја врати топката во игра при еден аут, Нејмар го турна Тијаго Дјало додека двајцата беа надвор од теренот и Португалецот театрално падна за Нејмар да добие втор жолт картон, по што работите излегоа од контрола.
Двајцата мораа да бидат разделувани од повеќе луѓе во тунелот, откако Дјало набргу исто така доби црвен картон и ова е последен пример на дисциплинскиот проблем на Нејмар.
Neymar sent off in Ligue 1 top-of-the-table clash with Lille for doing this.
Thoughts?? pic.twitter.com/ennKlRjUXr
— betclever (@bet_clever) April 3, 2021
Neymar and Djalo have a fight in the tunnel during the PSG & Lille football match pic.twitter.com/Xptluo6BzP
— Everything Sports (@CompleteSports0) April 3, 2021
Тој сега има три црвени картони во последните 14 меча во Лига 1 (од февруари минатата година) и дури 11 пати во кариерата, што е невообичаено многу за еден напаѓач.
Првото исклучување за ПСЖ беше во дербито со Марсеј, по ударот со глава на Лукас Окампос (сега играч на Севилја). Во февруари 2020 тој беше непотребно исклучен од игра во финишот на мечот против Бордо (кога ПСЖ победуваа), по што се појавија шпекулации дека го направил тоа да патува на Карневалот во Рио. На крајот тој не патуваше, но тоа не ги спречи француските медиуми да шпекулираат.
Во септември истата година, тој повторно во дуел со Марсеј не го заврши мечот, откако имаше бурна расправија со Алваро Гонзалез, обвинувајќи го Аргентинецот за расизам. Ова беше беше во кој пет играчи добија црвен картон.