Top Sport

Шкендија ја „декласираше“ Ренова, Пелистерци добија труење со храна

Шкендија граби кон втората титула во македонскиот шампионат, откако со 5:0 ја совлада Ренова во тетовското дерби во 26. коло во Првата лига

„Црвено-црните“ ја обезбедија победата уште во првото полувреме, кога Изаир Емини, Марјан Радески и Шефит Шефити со два обезбедија мирно второ полувреме за Шкендија. Радески постигна и одличен втор гол во 72. минута, за конечниот резултат да го постави Шефити во последните минути од мечот по асистенција со петица на Жуниор.

Разликата на врвот на табелата сега е +16 поени за Шкендија, откако Вардар не успеа да го совлада тимот на Академија Пандев на гости во Струмица. По мирното прво полувреме, домаќините дојдоа до водство преку Чешмеџиев на стартот на второто полувреме, пред Максимов само три минути подоцна да обезбеди поен за Вардар.

Тимот на Скопје продолжи со импресивните игри и со обидот да обезбеди опстанок во елитата, откако на гости успеа да слави минимално со 1:0 против Победа. Скопје уште е на последното место во Првата лига со 24 поени, но сега има еднаков број на поени со Пелистер, а Победа „бега“ само еден бод.

Мечот Шкупи-Пелистер беше одложен, откако 12 фудбалери на клубот од Битола добија труење со храна при патувањето до Скопје.

Фото: ФК Шкендија, ФК Вардар

ПМФЛ, 26. КОЛО

Работнички – Силекс 2:0

Академија Пандев – Вардар 1:1

Победа – Скопје 0:1

Шкендија – Ренова 5:0

Шкупи – Пелистер одложено

ТАБЕЛА: 1.Шкендија 66, 2.Вардар 48, 3.Силекс 40, 4.Работнички 32, 5.Академија Пандев 31, 6.Шкупи 29, 7.Ренова 28, 8.Победа 25, 9.Пелистер 24, 9.Скопје 24.

Scroll to Top