Кристијан Ериксен постигна два гола во 2:1 победа на гостувањето кај тимот кој се бори за опстанок во елтитата, Стоук, откако ужасната грешка на Уго Љорис за малку ќе донесе реми за домаќините.
Ериксон донесе водство на „Бет 365“ стадионот во 52. минута, но Љорис им дозволи на Стоук да израмнат пет минути подоцна, кога ја утна топката, а Маме Диуф го казни тоа. Сепак, Данецот Ериксен го имаше последниот збор, откако неговиот обид од слободен удар во 63. минута влезе директно во голот, иако прво голот беше запишан на Хери Кејн, кој задоцни со ударот со глава.
Спарси се на четвртото место во Премиер лигата, со поен зад Ливерпул на третото место, додека Стоук се на претпоследното место по четвртиот пораз во низа.
Лестер сити доживеа незгоден пораз од Њукасл на домашен терен, благодарение на головите на Џонџо Шелви и Ајозе Перез, пред Џејми Варди да придонесе за интересен финиш на мечот. Супер-интересно беше и во Бурнемаут, каде што домаќините двапати се враќаа од гол негатива за 2:2 реми со Кристал палас благодарение на голот на Норвежанецот Џошуа Кинг.
Со одличните голови на Лука Миливоевиќ и Вилфрид Заха, Палас, кои се борат за опстанок, двапати водеа, но прво Лис Мусе, а потоа и Кинг спасија поен за Бурнемаут.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 33.КОЛО
Бурнемаут – Кристал палас 2:2
Брајтон – Хадерсфилд 1:1
Лестер – Њукасл 1:2
Стоук – Тотенхем 1:2
Ватфорд – Барнли 1:2
ВБА – Свонси 1:1