Top Sport

Фетел пред Раиконен за 1-2 на стартот на Бахреин ГП (видео)

Себастијан Фетел ќе стартува од пол-позицијата на Бахреин ГП трката, откако успеа да го совлада својот клупски колега од Ферари, Кими Раиконен за минимални 0.143 секунди.

Раиконен ја имаше предноста по првото излегување во третата квалификациска сесија со 0.095 секунди пред Фетел, но не успеа да го подобри ова време, дозволувајќи му на Фетел да ја обезбеди 51. пол-позиција во кариерата со круг од 1:27.958.

Валтери Ботас во Мерцедес беше трет со 23 илјадити делови од секундата зад Раиконен со последниот круг, додека четврто најдобро време имаше Луис Хамилтон, кој ќе стартува како деветти откако доби казна за менување на менувачот.

Даниел Рикјардо беше петти за Ред бул, пред најголемото изненадување Пјер Гасли во Торо росо, кој покажа дека моторот на Хонда е многу подобрен за 2018. Кевин Магнусен беше седми за Хас, додека возачите на Рено, Нико Хилкенберг и Карлос Саинс Јуниор беа разделени од Естебан Окон во Форс Индија.

Мекларен повторно беше големо разочарување, откако Фернандо Алонсо беше 13., а Штофел Фандорне 14. во лоша сесија за англискиот тим.

Макс Ферстапен во вториот Ред бул излета уште во првата квалификациска сесија, уништувајќи го болидот и на крајот ќе стартува како 15.

Фото: ЕПА

Scroll to Top