Top Sport

Судијата во записникот открил детали за расистичкиот скандал во Шпанија

Колото во Ла Лига, го обележа скандалот на натпреварот што го одиграа Кадиз и Валенсија. Гостите го напуштија теренот во 30.минута, откако Мукрат Дијакаби, го обвини Хосе Кала за расизам.

Шпанските медиуми објавија што напишал судијата Давиде Медина Хименез, во записникот.

„Во 29.минута го прекинав натпреварот. Играчот со број 12 од Валенсија, Муктар Дијакаби, откако му покажав жолт картон, бидејќи се расправаше со противникот, ми кажа дека играчот со број 16 го нарекол „црно гомно“. Никој од судиите не го слушна тоа, а по неколку моменти играчите на Валенсија го напуштија теренот, поради што мечот беше прекинат“.

Играчите на Валенсија во знак на солидарност го напуштија теренот, а капитенот Хозе Гаја, рекол дека немале намера да го продолжат натпреварот, но откако им се заканиле со жестока казна, се вратиле на теренот.

Scroll to Top