Top Sport

Дупла победа на Кембриџ

Кембриџ забележа дупла победа над Оксфорд, во најстарата веслачка регата во светот.

Прв пат во историјата, односно од 1845 година, трката се одржа на реката Уз. Поради безбедноста и почитување на епидемиолошките мерки, трката не се одржа на Темза.

Во неизвесни трки, во машка и женска конкуренција победија студентите од Кембриџ.

За трките, веслачите се подготвуваа, во машините за веслање, во своите домови или во своите соби на универзитетите.

Scroll to Top