Top Sport

Максимовиќ е прескап за Интер

Фудбалскиот клуб Интер покажува интерес за Никола Максимовиќ, кој по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти Наполи.

Првата рунда од преговорите, кои во името на фудбалерот ги води менаџерот Фали Рамадани завршиле неуспешно. Челниците на Интер не сакале да му дадат годишна плата од 2,5 милиони евра, колку што заработува во Наполи.

Медиумите во Италија тврдат дека Интер ќе бара друго решени за последната линија во тимот. Со лидеорт во Серија А, медиумите ги поврзуваат Шкодран Мустафи и Аиса Манди.

Scroll to Top