Шпанскиот прволигаш Депортиво Алавес се раздели со тренерот Абелардо Фернандез по лошата низа на резултати на баскискиот клуб.
Вчерашниот пораз од Селта, лошата атмосфера во клубот, како и конфликтот со напаѓачот Лукас Перез пресудија за Абелардо, кој беше именуван за тренер на клубот од Виторија во јануари и освои само 5 поени во 11 меча.
Алавес се последни во Ла лига по 29 одиграни мечеви со 23 поени, три под зоната за опстанок.