Top Sport

Швеѓаните го нападнаа Златан за убиен лав од пред 10 години!

Шведскиот магазин „Експресен“ тврди дека Златан Ибрахимовиќ во 2011 година убил лав во Јужна Африка, за да може да си ја однесе дома кожата, черепот и вилицата како трофеј.

Ибрахимовиќ никогаш не криел дека ловот и риболовот му се страст (дури беше и во Македонија на ваква авантура), така што вадењето на овој „случај“ од пред 10 години е навистина бизарно. „Експресен“ тврди дека Златан прво добил ловечка лиценца, а година подоцна го убил лавот во дивината во Јужна Африка и дека тој е еден од 82 ловци од Шведска кои си понеле дома ваков трофеј. Ибрахимовиќ не ја коментирал објавата.

Ловот на лавови во Јужна Африка е легален доколку ги имате потребните документи. Златан, пак, честопати се споредува со лав, а на грбот има огромна тетоважа на лав.

Златан за Нова година си купил шума за 3 милиони евра!

Scroll to Top