И покрај тоа што е фудбалерот со кој Барселона го сруши сопствениот рекорд за трансфери, Филипе Кутињо навистина нема среќа во Каталонија, откако беше потврдено дека повторно мора да оди на операција која ќе го отстрани од фудбалските терени до крајот на сезоната.
Според „Ел мундо депортиво“, Кутињо се вратил во Бразил за да оди на нова операција на левиот менискус на коленото поради отекување, со што нема да може да биде подготвен да се врати до крајот на сезоната. Кутињо мораше под нож на почетокот на јануари за истиот проблем.
Кутињо има само 10 настапи за Барса оваа сезона со 3 постигнати голови, откако се врати по едногодишната позајмица во Баерн Минхен. Оваа повреда речиси сигурно ги уништува и плановите на Барселона за продавање на Бразилецот.