Босанскохерцеговскиот голман со македонско потекло, Ведран Ќосевски беше „спасителот“ на Железничар во дербито со Широки Бријег, откако во мечот на „Грбавица“ постигна гол од половина терен во 93. минута за 1:1 реми.
Со поенот, Железничар остана на првото место во плеј-офот за титулата со 58 поени, два повеќе од Зрињски Мостар, кои со 1:0 го совладаа Сараево во дербито на колото.