Џејси Керол, еден од најдобрите шутери во Европа, нема намера да се пензионира по завршувањето на сезоната. „Марка“, пишува дека 38-годишниот Американец, ги известил челниците на Реал, дека е подготвен да игра уште една сезона.
Истиот извор, пренесе дека во клубот ја поддржале одлуката на Керол.
Ветеранот, има добра статистика оваа сезона. Во Евролигата има просек по натпревар од 9,7 поени и 1,2 скока.
„Бум бум Керол“ десет години го носи дресот на Реал. Со „кралскиот клуб“ пет пати бил шпански и два пати европски шампион.