Top Sport

Адвокатот на Марадона: Ќерките го напуштија, тие крадеа од него

Матијас Морла, адвокатот на Диего Марадона, рекол дека ќерките Далма и Џанина, последните години од животот на Марадона, воопшто не се грижеле за него.

Марадона почина на 25.ноември минатата година. Обвинителството се уште води истрага за околностите под кои починал славниот фудбалер.

Во интервју за каналот „Америка“, Морла, открил дека многу бил разочаран од однесувањето на ќерките на Марадона.

„Марадона ја сакаше поранешната партнерка Росио Олива, а јас до крајот се борев против неговите ќерки Далма и Џанина. Тој се чувствуваше предаден од нив. Со него бев во последните седум години. Во тие седум години, секогаш за Божик гледаше во телефонот, никогаш не му се јавија“, рекол Морла.

„Зарем не можевте да забележите колку беше разочаран кога Далма на својата ќерка и го даде името Рома. Го прашав: ‘Диего што е ова, Рома е ривал на Наполи?’. Покрај сестрите сите останати го напуштија. Марадона умре во самотија“, рекол Морла и дополнил дека Марадона, иако имал проблеми со дрогите не бил луд.

Ќерките на Марадона, го обвинија Морла, дека тој е виновен за смртта на нивниот татко, бидејќи ги избрал медицинските лица кои се грижеле за Марадона. Медицинскиот ти м е под истрага на обвинителството.

„Доколку успеја да го реанимираат, немаше да им дозволам да ме напаѓаат. Медицинските сестри ми велеа дека сум нивното сонце, а сестрите ме нарекуваа крадец. Далма и Џанина не ме сакаат уште од 2014 година, кога во јуни таа година јас и Марадона ги откажавме нивните кредитни картички. Се бореа против мене бидејќи крадеа од него“, заклучил Морла.

Scroll to Top