Легендарниот УФЦ борец – Ирецот Конор Мекгрегор раскажа како се одвивале неговите подготовки за мечевите кога започнуваше неговата УФЦ кариера.
„За дебито во УФЦ дознав 9 недели пред одржувањето на приредбата. Земав 7 дена одмор за да го надополнам недостатокот од тренинг. Потоа 8 недели се преселив во станот на сестра ми кој се наоѓа во близина на салата. Ќе се разбудев, тренирав, па ќе се вратев во станот, ќе јадев, ќе одморам и пак на тренинг, тоа се повторуваше“ се потсетува Мекгрегор на 2013 година.
Тој продолжи со описот на својот тип на тренинг.
„Немав слободен ден освен ако тоа е неопходно. Дури и во недела тренирав. Со таков пристап повторно ќе бидам на борбата за враќање на сцената. Со овој метод не станав двоен УФЦ шампион, но затоа освоив појас во перолесна категорија, како и двојната Cage Warriors титула“ – порача Ирецот.
Се очекува Мекгрегор повторно во октагонот да се врати на 10. јули годинава кога ќе се одржи неговот трет дуел со Дастин Порие.