Top Sport

Новак со хит коментар на бебешката фотка на Хамилтон

Најдобриот светски тенисер во моментов, Србинот Новак Ѓоковиќ на многу духовит начин коментираше на Инстаграм објавата на моментно најдобриот Формула 1 возач во светот, Британецот Луис Хамилтон.

Ф1 шампионот на социјалната мрежа објави своја фотографија од најраното детство, а вниманието на Ѓоковиќ го привлекла маицата што малиот Луис ја носел на себе при фотографирањето.

„Ми се допаѓа маицата која ја носиш на фотографијата. Меѓудругото, добро е што одбра да возиш формула, наместо да играш тенис. Во спротивно, сите ќе бевме во проблеми“ – коментираше Новак на објавата.

За потсетување, Хамилтон и Ѓоковиќ соработуваа на еден филмски проект кој промовира здрав живот, исхрана и веганство – „The Game Changers”.

Двајцата шампиони притоа имаа бројни деловни средби, снимаа реклами и учествуваа на бројни хуманитарни акции.

Scroll to Top