Девојката на Пауло Дибала, Оријана Сабатини уште повеќе ги зголеми шпекулациите дека Аргентинецот е пред заминување од Јувентус, откако во интервју за магазинот „Џенте“ признава дека во Торино и е многу здодевно и дека секој слободен момент го користат да „избегаат“ на друго место.
Аргентинската пејачка Сабатини, инаку внука на тениската ѕвезда од 1980-тите, Габриела Сабатини, е со Дибала од 2018 година. Се верува дека Јувентус ја повлекле понудата за нов договор за Аргентинецот како казна за прекршување на правилата со организирање на забава кај соиграчот Вестон Меккени.
„Проблемот е што во Торино нема многу работи за правање, и навистина е досадно. Кога Пауло ќе има слободен ден, веднаш одиме на друго место бидејќи и тој сака да биде активен. Го пополнувам времето со боксерски лекции, готвење, читање и пишување песни на пијано“, вели Сабатини.
Таа исто така тврди дека „собиранката“ во куќата на Меккени не била забава.
„Не се работеше за забава, туку Пауло се собра со соиграчите на вечера, како и секоја среда. Секогаш со истите луѓе, не бевме повеќе од 10. Сакаат да направат контроверзи околу сите работи во фудбалот“, додава Сабатини.