Top Sport

Тошак: Бејл треба да престане да го слуша својот агент

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Велшанецот Џон Тошак имаше директна порака до својот сонародник Герет Бејл – заборави на својот агент и самиот одлучи што сакаш да правиш.

Бејл си замина од Мадрид во Тотенхем на едногодишна позајмица, но немаше многу натпревари и тука дојде контроверзната изјава дека сака да се врати во Реал, каде што Зинедин Зидан не смета на него. Покрај тоа, неговиот агент Џонатан Барнет ги искомпликува уште повеќе работите со коментарите за Реал и Тотенхем.

„Понекогаш, фудбалерот не е тој што прави контроверзи. Агентот би требало да ги следи интересите на фудбалерот, но тие кои биле во фудбалот знаат дека тие почесто штетат отколку што прават добри работи. Кога некој фудбалер ќе ми кажеше дека неговиот агент кажал ‘тоа и тоа’, секогаш им велев, не сакам да го знам тоа, туку што мислите вие. Без агенти. Затоа за Бејл само една порака – игнорирај го агентот и самиот реши што сакаш да правиш“, вели Тошак.

Scroll to Top