Во Мадрид ги имаме сите услови за вистински драматични половина час фудбал. Откако во првото полувреме не упатија ниту еден удар на голот, Ливерпул покажаа дека не ги загубиле сите надежи, откако Мохамед Салах во 51. минута од мечот го намали водството на Реал Мадрид на 2:1.
Покрај тоа што се работи за многу важен гол во гости, тимот на Јирген Клоп доби мотивација да игра далеку подобро од првото полувреме, во кое првпат од 2014 година во меч од ЛШ не упатија ниту еден удар на голот.
Иако судијата Феликс Брих прво го поништи голот поради офсајд, на крајот по долгата ВАР проверка, голот беше признат.
MOHAMED SALAH
Descuenta el partido y lo pone Real Madrid 2 – 1 Liverpool.
¿Cómo crees que terminará el partido? ??#UCLpic.twitter.com/6cCgeJiS8R
— TRIP & VDB Sports (@TripSports_) April 6, 2021