Top Sport

Голартс почина по падот на Париз-Рубе

Светот на велопедизмот повторно е во црно, по смртта на 23-годишниот Михаел Голартс, кој почина во болница откако доби срцев напад на неделната класична трка Париз-Рубе.

Тој веднаш беше однесен со хеликоптер во болницата во Лил по падот на трката од 257 километри, по што неговиот тим Вилемс-Крелан-Шарл тим потврди дека тој починал во болницата.

„Со немерлива тага објавуваме дека нашиот велосипедист и пријател Михаел Голартс почина во неделата навечер во 22.40 во болницата во Лил во присуство на членови на семејството и сакани. Тој почина од срцев напад и лекарите не можеа да направат ништо“, објавија од тимот.

Велосипедиската заедница реагираше со тага.

„Сила до неговото семејство, пријателите и тимот“, напиша Наиро Квинтана, поранешниот победник на Џирото и на Вуелта.

„Страшни вести. Сочувство до семејството“, напиша трикратниот победник на Париз-Рубе, Фабијан Канчелара.

„Моето сочувство до блиските на Михаел Голартс, од крајот на трката не можам да мислам на ништо друго“, напиша Алберто Контадор, двократниот шампион од Тур де Франс.

Велосипедист во критична состојба префрлен в болница (Видео)

Scroll to Top