Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос признава дека ривалот од Барселона, Лионел Меси им нанел многу „болки“ во минатото, оценувајќи дека би имале „повеќе титули“ доколку тој не беше ѕвезда на ривалите од Каталонија.
На Рамос и Реал дефинитивно не им недостасуваат титули во последните години – Рамос има четири титули од Лигата на шампионите и 5 од Ла лига, но Меси во овој период помогна Барса да освои 10 титули.
„Страдавме против Меси во последните години. Да го немаа Барселона, ќе имавме повеќе титули. Имаше период кога игравме против најдобрата Барселона во историјата. Имавме голем тренер како Жозе Мурињо, но беше тешко да ги победуваме. Тоа предизвикуваше многу тензија“, признава Рамос.