Top Sport

Синот на Ленс Армстронг обвинет за силување малолетничка

Лук Арсмстронг, синот на велосипедистот Ленс Армстронг, кому му беа одземени рекордните седум титули од Тур де Франс поради допинг, е уапсен во Тексас поради силување на малолетничка, објавуваат американските медиуми.

Според информациите на ТВ станицата „КСКАН“, тогаш 18-годишниот Лук Армстронг силувал 16-годишна девојка на забава во Остин во март 2018 година, додека девојката го пријавила тоа дури во ноември 2020 година. Жртвата на полицијата изјавила дека биле во алкохолизирана состојба и дека тој со нејзиниот камион ја однел во куќата на неговиот татко, каде што ја силувал.

Адвокатот на Армстронг ги демантира обвинувањата, тврдејќи дека Лук Армстронг и девојката биле во врска неколку месеци пред инцидентот и додава дека семејството собира докази.

Ленс Армстронг беше сметан за најдобриот велосипедист во историјата, откако го надмина ракот на тестисите за седум пати да триумфира на Тур де Франс, но потоа и самиот призна дека земал недозволени средства, по што титулите му беа одземени.

Scroll to Top