Top Sport

Александар Коларов, најмногу разочарал во Серија А

Александар Коларов е играчот кој најмногу разочарал оваа сезона, во Серија А. Поранешниот српски репрезентативец, на почетокот на сезоната реши да ја напушти Рома и да се пресели во Интер.

Одлуката да ја напушти Рома, каде имаше договор по завршувањето на кариерата да стане спортски директор, се покажа како голема грешка.

„Од Коларов до Медел, од Калиниќ до Иглезе, играчи кои малку покажаа оваа сезона“, оцени „Газета дело Спорт“.

За Коларов, овој медиум, истакнува дека по дербито со Милан, повеќе не добил шанса да игра и дека од тој шок се уште не закрепнал.

На листата се и Ламерс од Аталанта, Стракоша од Лацио, Рахмани (Наполи), Педро (Рома), Манџукиќ (Милан), Медел (Болоња)…

 

Scroll to Top