Кошаркарот на Олимпијакос, Чарлс Џенкинс, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Иберостар Тенерифе. Информацијата за трансферот ја потврдил и менаџерот на Американецот со српски пасош.
Џенкинс на почетокот на сезоната пристигна во Олимпијакос од Црвена звезда, но не успеа да се наметне. Во Евролигата во просек играл по 15 минути, бележел по три поени и 1,2 скока.
Џенкинс за Иберостар Тенерифе, ќе може да настапува во шпанското првенство, но нема право на настап на завршниот турнир во Лигата на шампионите на ФИБА.
Во Европа, 32-годишникот играл уште за Армани и Химки.
Екипата на Иберостар Тенерифе, се наоѓа на третото место во шпанското првенство.