Top Sport

Блесок на Хаверц – Челси го растури Кристал Палас

Челси експресно се врати на четвртото место на табелата во Премиер лигата, откако во последниот натпревар од саботната програма го победи Кристал Палас со 4:1.

„Сините“, имаа апсолутна доминација против градскиот ривал, а сите дилеми околу победникот ги решија во првите 30 минути кога постигнаа три гола.

Во овој период од натпреварот се истакна најскапиот играч во историјата на челси, Каи Хаверц, со гол и асистенција.

Хаверц во осмата минута го постигна првиот гол, а две минути подоцна му асистираше на Пулишиќ за 0:2. До крајот на првиот дел, во 30.минута, гол постигна и Зума.

Кристал Палас во првите 60 минути немаа ниту еден удар кон голот на Менди, додека играчите на Челси упатија 16 удари, од кои седум завршија во рамките на голот.

Првиот удар кон голот на Менди заврши во неговиот гол, стрелец беше Бентеке. Откако постигнаа гол домашните фудбалери порешително тргнаа кон голот на Челси, меѓутоа на противниците им оставија многу простор за контранапади.

Една таква брза акција резултираш со гол на Пулишиќ во 78.минута.

Челси се четврти на табелата со 54 бода, два повеќе од Ливерпул и Вест Хем јунајтед.

Scroll to Top