Колумбискиот ветеран, Радамел Фалкао добил скршеница на коска на лицето по судир со глави со Керем Актуркоглу на тренинг на Галатсарај, потврди турскиот клуб.
35-годишниот Фалкао бил веднаш однесен во болница и останува неизвесно колку ќе отсуствува од фудбалскит терени.
„По судирот со главите на тренинг, Радамел Фалкао доби скршеница на коските на лицето, и веднаш беше однесен во болницата ‘Улус Лив’. Се предвидува мала интервенција под анастезија вечерва“, се вели во соопштението на клубот.
Поранешниот фудбалер на Монако и Манчестер јунајтед, има само 14 настапи во Суперлигата оваа сезона, но има 8 голови. Галатасарај се на третото место на табелата со пет поени заостанување зад Бешикташ.