Шалке со 1:0 го совлада Аугзбург за своја втора победа во катастрофалната бундеслигашка сезона, која сигурно ќе биде бргу заборавена од „кралските сини“.
Суат Сердар го прослави својот 24. роденден со убав гол во 4. минута од мечот, по што Шалке успеа да изддржи до крај за победа.
Секако, триумфот нема да ги спаси Шалке од испаѓање во „Цвајте“, бидејќи имаат само 13 поени, дури 13 помалку од првиот клуб во безбедната зона, Арминија Билефелд. Аугзбург се 11. со 32 освоени поени.