Top Sport

Пирло си даде оценка: 6 од 10 за првата сезона

Андреа Пирло си даде оценка „6 од 10“ за првата сезона како тренер на Јуве, признавајќи дека неговиот стил на фудбал „уште не е имплементиран“ во тимот.

Јуве ја совладаа џенова со 3:1, но повторно изгледаа доста несигурно во второто полувреме и ризикуваа да пропуштат 2:0 водство. Интер има предност од 12 поени на врвот на табелата и десетто скудето во низа за Јуве е во рамките на теоријата. Пирло реши да ја оцени својата сезона.

„Сите тренери сметаат дека треба да се докажуваат секој ден, посебно јас со своето прво тренерско искуство. Фудбалот е мојот сон од детството и ќе продолжам да работам за да станам подобар. Би си дал 6 од 10 за оваа сезона. Знам дека морам да направам повеќе и кога нема резултати, прв одговорноста ја понесува тренерот. Мојата идеја за фудбалот е да се доминира топката и да се оди на пресинг. Поради повеќе причини, не успеваме да ја имплементираме, но тимот е подготвен да работи“, вели Пирло.

Scroll to Top