Top Sport

Италијанците контра Роналдо откако го фрли дресот на Јувентус

Јувентус стигнаа до 3:1 победа над Џенова, но Кристијано Роналдо очигледно не беше среќен, фрлајќи го дресот по крајот на мечот, по што во Италија следуваа обвинувања дека покажува големо непочитување кон клубот.

Португалецот не успеа да постигне гол против Џенова, откако имаше голема утка во првото полувреме (која потоа Алваро Мората ја смести во голот), а потоа во второто полувреме неколку пати од соиграчите бараше да му асистираат.

Тој беше очигледно лут по крајот на мечот и го фрли својот дрес во близината на противничкиот гол, кој го собра момчето што е задолжено за собирање на топките.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top