Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги повика навивачите на „Лос бланкос“ да уживаат додека го имаат Кристијано Роналдо во тимот пред пласманот во уште едно полуфинале од Лигата на шампионите.
Носителите на титулата имаат 3:0 предност по првиот меч против Јувентус пред реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ во среда, откако Роналдо постигна два гола, од кои вториот беше фантастичен гол со „ножички“.
Веќе најдобар стрелец во историјата на Реал, претседателот на клубот, Флорентино Перез за „Газета дело спорт“ изјави дека според него Роналдо е наследник на Алфредо ди Стефано, и Зидан се согласува.
„Не можам да замислам Реал Мадрид да играат без Роналдо. Сите сме пресреќни од неговите остварувања. Многу луѓе зборуваат за Ди Стефано и ќе има многу луѓе во клубот, вклучувајќи ме и мене, кои ќе се сеќаваат на ерата на Роналдо. Мораме да уживаме во овие моменти, сигурен сум навивачите на Реал многу повеќе од тие кои не се. Ова искуство е неверојатно“, изјави Зидан.
Тој не смета дека Реал се апсолутните фаворити за титулата.
„Подобро е да се докажуваме на теренот. Ако ме прашате, одговорот не се добива тука на маса. Мораме да ги почитуваме сите тимови, но и спортот. Против Атлетико имавме 1:1 и можевме да загубиме. Тоа е фудбалот. Еден напад и работите се менуваат“, додава Зидан.
Фото: ЕПА