Top Sport

Манџукиќ заминува, се враќа Мората

Јувентус планира сериозна реконструкција на тимот, во летниот преоден рок, а според италијанските медиуми најмногу промени ќе има во напаѓачката линија.

Медиумите на Апенините најавуваат дека Марио Манџукиќ ќе го напушти клубот. Хрватот е во лоша форма и веројатно ќе се пресели во Кина. Манџукиќ нема постигнато гол уште од 17.декември минатата година.

Во јануари 2017 година за Манџукиќ сериозен интерес покажаа неколку кинески тимови, но тој тогаш ги одби сите понуди.

Ако замине Манџукиќ, медиумите најавуваат дека во Јувентус ќе се врати Алваро Мората, кој во Челси не успеа да се адаптира. Челси за Мората плати 70 милиони евра, а тој сезонава има постигнато само 14 гола.

Инаку, Мората, две сезони играше во Јувентус и беше најзаслужниот што во 2016 година тимот од Торино го елиминира Реал во полу-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top