Напаѓачот на Депортиво Алавес, Мунир ел Хадади побара од Судот за арбитража во спротот (ЦАС) да го одобри неговиот обид да настапува за мароканската фудбалска репрезентација, а не за Шпанија.
ЦАС потврди дека Мунир заедно со Мароканската фудбалска федерација (ФМФ) поднеле барање откако ФИФА ја одби нивната жалба на 13 март. Одлуката ќе биде донесена до средината на мај за тој да може да игра на Светското првенство во Русија.
ФИФА забранува менување на националниот дрес откако фудбалерот одиграл еден конкурентен меч за една репрезентација, иако имаат двојно државјанство. 22-годишниот Мунир има еден настап за Шпанија, во квалификациите за Евро 2016 против Македонина во септември 2014, кога влезе како замена во последните 15-тина минути.
„Ова беше моја одлука и знаев што правам. Живеам во Шпанија и ова е мојот дом, но сакам да играм за Мароко“, вели Мунир, кој е роден во Шпанија.
Тој е дел од славната младинска академија на Барселона, каде што дебитираше како професионалец, а сега игра како позајмен играч на Алавес.
Шпанија е во иста група со Мароко на Мундијалот во Русија, заедно со Португалија и Иран.
Фото: ЕПА